Кошаркарот на Далас, Словенецот Лука Дончиќ, е главен кандидат за најкорисен играч во новата сезона, покажуваат резултати од анкетата која челниците на НБА лигата ја спровеле со генералните менаџери на сите клубови, објавија денеска американските медиуми.

Најкорисниот играч во изминатите две НБА сезони, Србинот Никола Јокиќ, не е меѓу четирите кандидати за признанието.

Дури 48 отсто од анкетираните сметаат дека Дончиќ е главен фаворит за МВП признанието, пред Јанис Адетокумпо (34 отсто), Џоел Ембид (14) и Стеф Кари (3).

Главен кандидат за освојување на шампионската титула, според анкетата, е Милвоки (43 отсто), пред Голден Стејт (25), Бостон (21) и Лос Анџелес Клиперс (11).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2022 05:22