Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, го коментираше инцидентот меѓу Дрејмонд Грин и Џордан Пул на тимскиот тренинг.

– Во моите 32 години во НБА, веројатно сум видел над 20 борби. Не треба да се оди подалеку од ѕидовите на нашата сала. Треба подобро да се справиме со овие ситуации, рече Кер.

Во средата, Грин го нападна Пул и го удри соиграчот во лицето. Видеото од инцидентот кое се појави на социјалните мрежи предизвика големи реакции и критики за четирикратниот шампион во НБА.

Грин подоцна се извини за своите постапки и истакна дека ќе го напушти тимот на неодредено време за да ја реши ситуацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2022 06:06