Кошаркарите на Денвер го совладаа актуелниот НБА шампион Голден Стејт со 119-112 во последниот претсезонски натпревар.

Денвер до победата го предводеше српскиот центар Никола Јокиќ, кој се врати на паркетот по повредата, и придонесе во триумфот со 21 поени, со стопроцентна реализација од игра.

Резултати: Индијана – Хјустон 114-122, Орландо – Кливленд 114-108, Њујорк – Вашингтон 105-89, Торонто – Бостон 137-135, Атланта – Њу Орлеанс 111-120, Минесота – Бруклин 102-112, Јута – Далас 101 – 115, Голден Стејт – Денвер 112-119, Сакраменто – ЛА Лејкерс 133-86.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2022 03:59