Во Првата македонска кошаркарска лига викендов се одиграа пет натпревари по кои две екипи – Еуро Никел и Феникс имаат максимален ефект. Најдраматично беше во Гевгелија каде сирената го спаси Кожув од пораз од Струмица, бидејќи судиите оценија дека гостите тројката која ќе значеше победа ја постигнале по истекот на 40-та минута.

Резултати 2.коло:

Чаир – ТФТ 83:87

Пелистер – Работнички 92:76

Феникс – ФМП 79:62

Кожув – Струмица 88:86

Еуро Никел – Куманово 84:58

Во вторник играат МЗТ Скопје и Гостивар.

Табела: Еуро Никел и Феникс по 4 бода, Пелистер, Чаир, Кожув, ТФТ и ФМП Академија по 3, МЗТ Скопје, Гостивар, Струмица, Работнички и Куманово по 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2022 23:44