Кошаркарот на Атланта, Диандре Хантер, го продолжи договорот со НБА лигашот за уште четири сезони, јавија американските медиуми.
Новиот договор е вреден 95 милиони евра, а ќе стапи на сила од сезоната 2023/24.
Хантер беше четврти избор на драфтот во 2019 година.
Минатата сезона во дресот на Атланта имаше просек од 13.4 поени, 3.3 скокови и 1.3 асистенции по натпревар.