Кошаркарите на Пелистер ја остварија втората победа во регионалната АБА2-лига.
Битолчани синоќа го победија Шенчур со 71:67 во натпревар со драматична завршница.
Тренерот Илиевски е презадоволен од резултатите, бидејќи неговиот тим беше некомплетен поради повредени играчи.
– Подвиг е што постигнавме две победи со оглед на проблемите со кои се соочивме пред доаѓањето во Златибор. Одигравме добра одбрана, играчите дадоа максимум, но заморот дојде во третата четвртина, а противникот тоа го искористи и не казни во транзиција. Сепак, на крајот победивме и среќен сум од исходот на натпреварот, изјави тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски.
Вториот македонски претставник во АБА2, тимот на ТФТ со два пораза го заврши првиот турнир.
Во следното коло, Пелистер ќе игра со Широки Бријег, додека ТФТ ќе се сретне со Крка.