Нов тренер на кошаркарите на Бруклин ќе биде 45-годишниот Име Удока, јавија синоќа американските медиуми, неколку часови откако раководството на НБА лигашот се раздели со досегашниот стратег Стив Неш.
Минатата сезона Удока со Бостон дојде до финалето во кое загуби од Голден Стејт (2-4). Меѓутоа, пред стартот на оваа сезона се случи скандал, а Бостон го суспендираше Удока поради „непристоен интимен однос“ со вработена во клубот
Бостон му дозволи на Бруклин да преговара со Удока, кој поради аферата не претрпе казна од НБА и без какви и да е проблеми може да води друга екипа.
Преговорите не само што започнале, туку според дел од американските медиуми, веќе завршиле на задоволство на двете страни и Удоку наскоро официјално ќе биде промовиран во нов тренер на Бруклин.