Милвоки ноќеска го победи Детроит пистонс со 116:91. Бакс го повторија најдобриот старт во клупската историја, со седум победи во седум натпревари.

Ѕвездата на тимот, Јанис Адетокунбо постигна 32 поени и 12 скока. „Мило ми е што победуваме, но тоа не е најважната работа. Добро е што тимот ги развива вистинските навики. Добро е што можеме да ја постигнеме целта, дури и кога топката не оди во кошот, тоа не влијае на нас. Продолжуваме да се бориме и да ја движиме топката. Разговараме еден со друг, не сме себични. Добро ни оди, изјави Јанис.

Ваков резултат клубот забележа уште два пати – во сезоните 1971/72 и 2018/19.

Милвоки останува единствениот непоразен тим во новата сезона во НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2022 09:50