Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе се соочи со Холандија во второто коло на Европското првенство 2022. Селекторот Љубомир Савевски очекува подобро издание од првиот натпревар со Франција, но е свесен за квалитетите на противничките селекции на овој еврошампионат.

– Оптимист сум дека ќе одиграме подобро. Сепак треба да потенцираме дека нашата репрезентација е многу млада и им треба искуство на ракометарките. Токму вакви натпревари им фалат на девојките. Ова Европско првенство е посилно од Светско. Сите репрезентации се многу силни. Наша цел е да покажеме дека имаме надеж да го промениме тоа што се случуваше во последните десет години. Се надевам дека ако продолжиме со работа и да имаме повеќе вакви натпревари ќе напредуваме. Холандија е силна репрезентација која игра многу брзо во транзиција. Ние сме дефицитарни на шутерските позиции. Сепак ќе се обидеме, ќе дадеме максимум и ако може да изненадиме.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во терминот од 20:30 часот во Ц-групата ќе играат Франција и Романија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2022 09:27