Кристијан Николов нема да биде дел од македонската кошаркарска репрезентација претстојните два натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Репрезентативниот бек заработи скршеница на палецот на десната рака по што следува едномесечна рехабилитација.
Членот на турскиот прволигаш Коњаспор се повреди на еден од последните тренинзи со клубот.
– За жал нема да бидам во можност да им помогнам на своите репрезентативни соиграчи на овие два натпревари. Имам повреда, односно скршеница на палецот на десната рака, тоа го потврдија и првите снимки. Во петок имам уште една лекарска контрола со која докторите треба да ја одредат дефинитивната слика и да почна со рехабилитацијата. Извесно е дека ќе бидам надвор од теренот во наредните четири недели. Ќе видиме понатаму, се надевам дека се ќе биде во најдобар ред. Ќе бидам најголем навивач на нашата репрезентација на средбите со Норвешка и со Данска. И се надевам дека ќе ја продолжиме успешната серија и во овој прозорец на патот кон евро-квалификациите, порачува Николов од Турција.
„Црвено-жолтите“ на 10 ноември ќе играат со Норвешка, три дена подоцна (13 ноември) ќе се соочат со Данска.