На социјалните мрежи се појавија информации за претстојниот протест на навивачите на Лејкерс против претседателот на клубот Џини Бас и генералниот директор Роб Пелинка.
Навивачите планираат да се соберат пред домашната арена на тимот „Crypto.com-arena“ в петок (11 ноември).
– Итна вест. Овој петок навивачите на Лејкерс ќе протестираат пред Crypto.com Арената. Време е да не слушнете. Собирот да го поминеме мирно. Дечки, дојдете да протестираме во Crypto овој петок! Ќе ги наведеме Џини и Роб во акција. Престанете да се криете од нас, се вели во пораките.
Лејкерси се на претпоследното место во Западната конференција со скор две победи и осум порази на првите десет натпревари од почетокот на сезоната во НБА-лигата.