Претстојниот викенд во Златибор ќе се одржи младинскиот АБА лига турнир на кој противници на МЗТ Скопје Аеродром ќе бидат екипите на Студентски центар и Црвена ѕвезда.

– Поради правилата на АБА лигата кои налагаат настап на кошаркари родени од 2004 година па наваму, македонскиот тим ќе биде составен од играчи од МЗТ Скопје УНИ Банка и М18 селекцијата, соопшти денеска клубот од Аеродром.

Вкупно 12 екипи се поделени во четири групи, а дуелите во рамки на групата Б кошаркарите на МЗТ Скопје ќе ги одиграат в сабота од 19 часот против Студентски центар и в недела од 12:30 часот против Црвена ѕвезда.

Победниците од четирите групи напролет ќе играат фајналфор по кој ќе биде познатиот новиот младински шампион во регионалното кошаркарско натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2022 05:35