Женското ракометно Европско првенство продолжува денес со два натпревара од Групата-1 која ќе се игра во Љубљана.
Од 18 часот играат Хрватска и Словенија, додека од 20:30 часот се среќаваат Унгарија и Данска. Во Групата се и селекциите на Норвешка и Шведска кои ќе се соочат на 12 ноември.
Од групната фаза Норвешка пренесе 4 бода, Шведска, Данска, Хрватска и Словенија по 2, Унгарија 0.
Македонската престолнина Скопје ќе биде домаќин на Групата-2. Франција и Црна Гора пренесоа по 4 бода од групната фаза, Холандија и Шпанија по 2, Германија и Романија ќе стартуваат од 0.
Двојки за утре: Холандија – Германија (18 часот) Романија – Шпанија (20:30).