Составот на групите за Европското првенство на кое македонската одбојкарска репрезентација ќе биде кодомаќин заедно со Италија, Бугарија и Израел, е одреден вечерва со жрепка во Неапол.
Македонските одбојкарите ќе бидат дел од групата Ц во рамки на која во Скопје ќе играат против Полска, Холандија, Црна Гора, Чешка и Данска.
Италија на домашен терен ќе биде дел од групата А заедно со Швајцарија, Србија, Германија, Белгија и Естонија.
Кодомаќинот Бугарија ќе игра во групата Б заедно со Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија, додека групата Д во Израел ја сочинуваат и Романија, Франција, Турција, Португалија и Грција.