Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе петтиот пораз во шестиот натпревар во регионалната АБА лига, откако вечерва на гостувањето во Белград загуби од ФМП со 101-97.

Во натпревар со многу осцилации во играта, МЗТ на два пати се враќаше од двоцифрена негатива во финишот на двете полувремиња, но на крајот не успеа да го изненади фаворитот и да ја забележи втората победа.

МЗТ Скопје со поразот остана на претпоследното место на табелата, а во следното коло во АБА лигата ќе го пречека Мега Баскет на 27 овој месец во салата „Јане Сандански“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2022 05:47