Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), кој уште претходно сезонава ја обезбеди својата втора титула светски првак во Формула 1, денес ќе стартува од пол-позицијата во последната трка оваа година за Големата награда на Абу Даби.

За Верстапен ова е 20. пол – позиција во кариерата до која дојде со 0.228 секунди предност во однос на клупскиот колега, Мексиканецот Серхио Перез, додека од третата позиција ќе стартува Шарл Леклер од Ферари.

Стартот на денешната трка за Големата награда на Абу Даби е закажан за во 14 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2022 09:43