Во НБА лигата Бруклин на домашен терен го совлада Мемфис со 127-115 во натпревар што го одбележи враќањето на теренот по суспензијата на Кајри Ирвинг.

Кошаркарот на Бруклин беше под суспензија од својот клуб од 27 октомври поради рекламирање филм со антисемитска содржина.

Во својот прв натпревар по паузата, Ирвинг забележа 14 поени.

Најефикасен во редовите на Бруклин беше Кевин Дуран со 26 поени, од кои 20 уфрли во второто полувреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2022 09:34