Во Организација на Шаховската федерација на Македонија, на 19 и 20 ноември се одржа екипната Младинска лига во шах до18 години во просториите ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

Во овие два дена беа изиграни вкупно 512 партии, во одлична натпреварувачка атмосфера, фер плеј и голема борба на 64-ите полиња и одлично дружење и весел детски џагор во паузите помеѓу партиите.

-Се надеваме дека ова беше пријатно искуство за сите учесници и дека ќе продолжат со работата и ќе ги гледаме и на натпреварите што следуваат. Радува фактот што има се повеќе клубови и од другите градови, не само од Скопје, кои успеа да се закитат со медал, наведуваат од Шаховската Федерација на Македонија.

Списокот на првите три пласирани екипи по категории:

– Категорија до осум години

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје

ШК Цареви Кули од Струмица

ШК Алкалоид од Скопје

– Категорија до 10 години

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје

ШК Алкалоид од Скопје

МШК Центар од Скопје

– Категорија до 12 години

ШК Алкалоид од Скопје

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје

ШК Гостивар од Гостивар

– Категорија до 14 години

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје

ШК Алкалоид од Скопје

МШК Центар од Скопје

– Категорија до 16 години

ШК Алкалоид од Скопје

ШК Куманово од Куманово

ШК Шах Шех од Битола

– Категорија до 18 години

МШК Центар од Скопје

ШК Алкалоид од Скопје

ШК Ласкер од Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2022 09:48