Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер раскажа како го поминува времето по завршувањето на кариерата.
– Сè уште се плашам да играм други спортови. Со колената сум така-така. Значи, ова треба да се почека. Подоцна ќе можам повеќе да патувам. Планирам времето да го поминувам со семејството повеќе од порано. Ги планираме празниците и сакам тие да бидат забавни и различни. Би сакал да ги однесам децата во Африка. Сакам да патувам и да се релаксирам, бидејќи животот за време на турнирите ми беше многу стресен, изјави Федерер.
Швајцарецот заедно со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ги одбележаа последните петнаесет на години во светскиот тенис.