Светски познатиот американски тениски тренер Ник Болитиери почина на 91. годишна возраст, објави денеска неговата ќерка Анџелик Ен ина социјалните мрежи.

-Мојот татко замина на другиот свет. Молете се за него. Те сакам тато, напиша Ен Болитиери.

Американските медиуми јавија дека Болитиери починал во неделата како последица на бубрежна инфекција.

Ник Болитиери беше познат по својата тениска академија во Флорида низ која минаа голем број тениски ѕвезди, вклучувајќи ги Моника Селеш, Андре Агаси, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс, Марија Шарапова, Мартина Хингис, Мери Пирс, Ана Курњикова и Борис Бекер.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2022 12:53