Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ не успеа да ја забележи првата победа ниту во третиот свој настап во регионалната АБА-2 лига оваа сезона.
Подобри од ТФТ синоќа во Сараево беа кошаркарите на Златибор со резултат 90:76.
Во победничкиот тим се истакнаа Ѓуран со 22, Тадиќ со 20 и Протиќ со 19 поени. Костовски со 12 и Ташовски со 11 беа единствените со двоцифрен ефект во тимот од Тафталиџе.
Следен противник на ТФТ ќе биде Крка утре, за кога е закажан и натпреварот на вториот македонски претставник во АБА-2, Пелистер против Широки Брег.