Српскиот интернационалец, Александар Бурсаќ е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, од кого се очекува да ја пополни празнината во играта под кошевите по заминувањето на Еван Максвел.

Станува збор за искусен 27-годишен крилен центар, кој одлично ја познава АБА-лигата со оглед што четири години беше дел од неа како кошаркар на ФМП, а две како член на хрватски Задар.

Негов последен клуб е шпанска Џирона, каде што настапуваше заедно со легендата на „црвената фурија“, Марк Гасол.

Србинот денеска ќе пристигне во Скопје и се очекува дебито во плаво-белиот дрес да го има в недела против Мега МИС (21 часот) во меч од 8. коло од АБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2022 12:07