Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, веројатно ќе се врати на паркетот до крајот на неделата, објави инсајдерот Крис Хејнс.
– Имам информација дека Леброн на теренот ќе се врати в петок на натпреварот со Сан Антонио, напиша Хејнс.
Триесет и седумгодишниот Џејмс го пропушти својот петти натпревар по ред во вторникот поради истегнување на препоните.
Клубот од Калифорнија рано утрото загуби од Феникс со резултат 105:115.
Лејкерси се 14-ти на Западот со скор пет победи и 11 порази.