Трката за Големата награда на Кина, која последен пат се одржа во 2019 година, сè уште е во календарот за 2023, објави денеска портпаролот на Светското првенство во Формула 1, демантирајќи ја со тоа вчерашната информација на Би-Би-Си.

Британскиот сервис објави во вторникот дека трката за ГН на Кина ќе биде откажана поради строгите антиковид мерки во земјата.

– Продолжуваме да ја следиме ситуацијата со Ковид-19 во Кина и одржуваме близок дијалог со промоторот и властите. Кина е вклучена во календарот за 2023 и додека не објавиме поинаку, тоа ќе остане така, изјави портпаролот на Ф1.

ГН на Кина, која се вози во Шангај, е на распоредот во календарот за 2023 на 16 април и треба да биде четврта од рекордните 24 трки за следната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2022 04:59