Македонскиот прволигаш Пелистер го забележа третиот триумф сезонава во АБА2-лигата. Битолчани вечерва во Сараево го победија Осиек со 83:71.
Пелистер по три четвртини имаше негатива од три поени, но одличната игра во последните 10 минути и 23 постигнати наспорти само осум примени поени беа клучни за конечниот победник.
Сеад Хаџифезовиќ со 20 и Димитар Караџовски со 17 поени беа најефикасни кај „зелено-белите“ од Битола.
По четири кола, Пелистер е на 6.место со седум бодови.
Вториот македонски претставник во регионалната лига, тимто на ТФТ нема забележано победа по четирите почетни рунди