Кошаркарите на ТФТ Скопје и натаму се без триумф во АБА 2 лигата, откако синоќа на турнирот во Сараево загубија од српскиот претставник Слога со 92-88 во рамки на петтото коло во регионалната лига.

Македонскиот состав имаше предност на полувреме од 44-39, а противникот од Краљево на средината од третата четвртина прв пат дојде во водство (52-51).

Во игра со многу осцилации, ТФТ ја врати предноста (61-56), но уследи нов, голем, пад во играта, што противникот знаеше да го искористи за конечен триумф.

Кошаркарите на ТФТ ќе ја побараат својата прва победа во шестиот круг од АБА 2 конкуренцијата во кој за противник ја имаат екипата на Подгорица.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2022 11:26