НБА-лигашот Далас маверикс планира да го ангажира 32-годишниот Кемба Вокер (32, 183 см), објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Пред почетокот на регуларниот дел од сезоната, Вокер беше отпуштен од Детроит.

Минатата сезона за Њујорк одигра 37 натпревари, со просек од 11,6 поени и 3,5 асистенции.

За да направат простор за Вокер, Маверикс планираат да се разделат со Факундо Кампацо (31, 178 см). Аргентинскиот кошаркар оваа сезона играше на шест натпревари, со просек од 1,3 поени и 1,1 асистенција за 6,5 минути на теренот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2022 14:49