Евролигата го суспендираше на два меча шпицот на Виртус, Милош Теодосиќ поради конфликт со судијата Дамир Јавор на средбата со Анадолу Ефес (80:85).

Триесет и петгодишниот кошаркар ќе го пропушти натпреварот против Црвена ѕвезда в петок, како и следниот натпревар против Олимпијакос.

На 4:25 минути пред крајот на средбата со Ефес, Теодосиќ доби офанзивен фаул и почна активно да изразува незадоволство од одлуката на судиите. Поради тоа, српскиот дефанзивец доби техничка грешка, по што му пријде и го фати судијата Јавор, по што соиграчите спречија поголем инцидент.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2022 13:32