Анадолу Ефес прекрши една од клаузулите од колективниот договор меѓу Евролигата и Здружението на играчи од Евролигата, поради што е казнет со 20.000 евра.
Минатата недела тимот играше на гости кај Милано и Виртус. За тоа време турските кошаркари кои останаа во Истанбул учествуваа на дополнителни тренинзи. Правилата не дозволуваат тим да има два тренинзи дневно доколку одигра два или повеќе натпревари во Евролигата во текот на истата недела.
Тренерот на Анадолу Ефес не беше задоволен од одлуката на Евролигата да го казни клубот.
– Само играчите кои не се во форма треба да работат повеќе. Ова е правило на спортот. Спортистите не можат да одржуваат форма без тренинг. Играчите кои не играа во Евролигата оваа недела останаа во Истанбул и минаа низ интензивна тренинг програма. Сепак, на некои луѓе тоа не им се допадна. Особено револтирано беше Здружението на играчи од Евролигата. Тие отворија истрага против нас затоа што ги оставивме нашите играчи во Турција, изјави Атаман.