Трката во Формула 1 за Големата награда на Кина е откажана денеска, четврта година по ред, поради строгите локални мерки против ширење на заразата со коронавирусот.
Трката во Шангај беше закажана за 16 април идната година, како четврта етапа во календарот за идната сезона со рекордни 24 трки, но откажувањето не е изненадување.
„Формула 1 може да потврди, по разговорите со промоторот и надлежните тела, дека Големата награда на Кина 2023 нема да се одржи поради тековните потешкотии поврзани со состојбата со Ковид-19, соопшти Ф1.
„Формула 1 врши проценки на алтернативни опции за замена на трките во календарот за 2023 година и ќе објави најнови информации во врска со тоа во догледно време“, се додава во соопштението.