Одличните изданија на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс му донесоа изненадувачки триумф на Лос Анџелес лејкерс над Милвоки од 133-129 на гостински терен.
Дејвис го заврши натпреварот со 44 поени и 10 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 28 поени и 11 асистенции.
Со тоа Џејмс дојде до бројката од 10.144 додавања во кариерата и ја прескокна на вечната листа легендата на Лејкерси, Меџик Џонсон, со кого до синоќа го делеше шестото место.