Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА-лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, вечер гостува во Александровац кај босанскиот претставник Игокеа.
– Противникот е квалитетен, игра одлично сезонава особено на домашен терен, што носи голем предизвик за нашите плаво-бели. Но, избраниците на тренерот Петровиќ ќе истрчаат осоколени по домашниот триумф над Мега МИС и со желба да покажат дека се во добра форма со изненадување кај фаворитот. Сите кошаркари се подготвени да го дадат максимумот со цел првпат сезонава да триумфираат на гости, истакнаа „сино-белите“ на клупскиот сајт.
Средбата ќе почне во 21 часот.
На првите три натпревари од 9.коло постигнати се овие резултати: Задар – ФМП 103:97 Цибона – Цедевита Олимпија 78:90 Мега – Борац 86:74.
Денес уште играат: Универзитетски центар – Црвена ѕвезда и Партизан – Будуќност.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот Морнар – Сплит.