Македонскиот тенисер Калин Ивановски победи на ИТФ Фјучерсот во Мадрид.
Македонецот во денешното финале беше поуспешен од Марк Вајтхаус (Велика Британија) со 2:0 во сетови.
Во првиот сет беше 6:4 за Иваносваки, а во вториот Британецот освои само два гема (6:2).
По освојување на турнирот во шпанската престолнина, Ивановски ќе напредува на АТП ранг-листата на која во моментов се наоѓа на 627. место со 45 поени.