Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, во лошото прво полувреме ја гледа причината за поразот од Игокеа синоќа на гостински терен во 9.коло од регионалната кошаркарска АБА-лига.
– Во првото полувреме одбраната ни беше како шупливо сирење. Можам да бидам задоволен од второто полувреме. Ја сменивме одбраната пред крајот имавме и водство, а конечно имавме и повеќе скокови од една екипа каква што е Игокеа. Имавме шанса, не ја искористивме и сега се насочуваме кон следниот натпревар, против Борац, рече Петровиќ на прес-конференцијата по натпреварот во Александровац.
МЗТ Скопје по девет кола има две победи и седум порази и се наоѓа 12. место.