Се дозна како препаратот Роксадустат, забранет од Светската антидопинг агенција, влегол во телото на романската тенисерка Симона Халеп. Според романското издание на „Проспорт“, препаратот бил во спортската исхрана.Според извештајот, пакувањето на нутритивниот додаток не укажува на присуство на Роксадустат во составот.
Во врска со ова, Халеп се обрати до Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA) со барање за итно сослушување.
Во август 2022 година, Халеп отиде на допинг тест за време на УС Опен.
Забранетата супстанца Роксадустат е пронајдена во примерокот А. Триесет и едногодишната тенисерка побара да се провери примерокот Б, но тоа само го потврди прекршувањето на правилата.
Халеп е победничка на 24 турнири под покровителство на ВТА во сингл.
Таа исто така го освои Ролан Гарос (2018) и Вимблдон (2019).