Ѕвездата на лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, во текот на првата четвртина од натпреварот против Кливленд одигран ноќеска, при еден обид да ја забие топката во кошот, го удри со лакт Џерет Ален кој сакаше да го блокира.
Играчот на Кливленд се струполи на подот, држејќи се за лицето, но судиите дозволија играта да продолжи и не досудија прекршок.
Натпреварот заврши со победа на Кавалирс со резултат 116:102. Џејмс постигна 21 поен, забележа 17 скока и четири асистенции.
Ален реализира 24 поени, 11 скока и една асистенција.