Организаторите на серијата атлетски митинзи „Дијамантска лига“ објавија денеска дека во 2023 година ќе се одржат 15 натпреварувања, а домаќин на финалето ќе биде американскиот град Јуџин на 16. и 17 септември.

Првиот митинг ќе се одржи во Доха на 5 мај, а во календарот се враќаат и двата митинзи во Кина, на 29 јули во Шангај и на 3 август во Шенжен.

Распоред на митинзи од Дијамантската лига во 2023:

5. мај – Доха

28. мај – Рабат

2. јуни – Рим

9. јуни – Париз

15. јуни – Осло

30. јуни – Лозана

2. јули – Стокхолм

16. јули – Хорзов

21. јули – Монако

23. јули – Лондон

29. јули – Шангај

3. август – Шенжен

31. август – Цирих

8. септември – Брисел

16/17. септември – Јуџин.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2022 07:24