Во најважниот натпревар од досегашниот дел на сезоната во АБА-лигата, тимот на МЗТ Скопје попладнево загуби од Борац Чачак со 81:73.

На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“ гостите заслужено се радуваа на победата контролирајќи го резулттаот во текот на целиот натпревар.

Страхиња Миќовиќ со 14 и Дамјан Стојановски со 13 поени беа најефикасни во домашниот состав, кај победниците се истакна Хантер Хејл со 22 поени.

По десет кола МЗТ Скопје Аеродром со две победи и осум порази се наоѓа во долниот дел на табелата, ист биланс има и Борац Чачак.

Во следното коло аеродромци в петок му гостуваат на Задар.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2022 05:14