Спортско друштво „ИТК Македонија“, во соработка со „Пливачки клуб Атлантида” денеска организираат интернационален пливачки натпревар за млади женски и машки пливачи и лица со атипичен развој „Atlas Winter Cup”.

Натпреварот ќе се одржи на базенот „Борис Трајковски“.

-Следејќи го основното право на среќа за сите деца и инклузивност на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица, овој уникатен настан од големо значење за социјалниот развој на нашето општество, велат организаторите.

На настанот е предвидена изјава од Мартин Мојсовски, претседател на Здружение на граѓани Спортско друштво ИТК Македонија и Ивана Танеска, претседател на Здружение на граѓани Пливачки клуб Атлантида – Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2022 10:12