Седумкратниот Грен слем победник и тениски стручњак Матс Виландер ги прогласи главните фаворити на Австралија Опен 2023 година.

– Претпоставувам дека Новак Ѓоковиќ ќе дојде во Австралија многу, многу гладен за победа, ќе биде многу тешко да го победите. Ноле го сметам за јасен фаворит, ќе го ставам пред Медведев кој најдобро игра на тврдо и Надал кој ја брани титулата. Ѓоковиќ може да го разочара само пресилната желба да се докаже, да докаже, по се што му се случи во Австралија пред една година, дека овој турнир е негов дом, го цитира „Еуроспорт“ Виландер.

Претходно се дозна дека руските тенисери ќе настапат на Австралија Опен-2023 под неутрални знамиња.

Турнирот ќе се одржи од 16 до 29 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2022 09:52