Со бронзен медал се закити македонската репрезентација освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка.
По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти.
Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.
-Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во нек олку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.