Македонските пингпонгари до 12 години, Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови учествуваа на Медитерански Куп во Биела, Италија во текомт на мината седмица. Тие настапија во две категории – тимски и поединечно.

Во поединечна конкуренција машки – Кристијан Каламадевски не успеа да се пласира на главната табела меѓутоа во групата имаше добри резултати и една победа во групата. По разигрувањето го освои 28. место на турнирот од 40 учесници.

Во поединечна конкуренција женски – Матеја Смолиќ го освои првото место во групата и се пласираше на главната табела на турнирот. Таа го загуби следното коло со минимална разлика од 3:2. На крај го освои 17. место на турнирот од 34 учесниички.

Во тимската конкуренција нашите натпреварувачи не успеаја да се пласираат на главната табела со една победа и две изгубени натпревари во групата. По разигрувањето тие го освоија 24. место од 34 екипи.

Екипата ја водеше селекторот Сашко Богатинов.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2022 09:26