Асистентот во Сакраменто кингс, Жорди Фернандез, стана првиот шпански тренер кој водел тим во НБА.
На натпреварот со Торонто, одигран ноќеска во Канада, Фернандез го замени тренерот на Кингс, Мајк Браун, кој беше исклучен поради расправија со судиите.
Во своето неочекувано деби како главен тренер, Фернандез го предводеше Сакраменто до победа – 124:123.
„Кралевите“ со биланс 15 победи и 12 порази се наоѓаат на 7.место во Западната конференција на НБА-лигата.