Мерцедес денес објави потпишување на договор со Мик Шумахер.

Дваесет и тригодишниот Германец ќе биде резервен возач на „сребрените стрели“ во сезоната 2023.

Претходните две сезони Шумахер ги помина како еден од пилоти на тимот на Хас, а неговиот најдобар резултат во Формула 1 е шесто место на трката за Големата награда на Австрија во 2022 година.

Првата етапа од сезоната 2023 во Формула 1 ќе се одржи во Бахреин од 3 до 5 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2022 02:31