Кошаркарите на Мемфис приредија шоу синоќа во НБА лигата со триумф над Милвоки од 142:101 и со тоа се искачија на чело на табелата во Западната конференција пред Њу Орлеанс, кој повторно во продолжетоци, загуби на гостински терен од Јута (132-129).

Најистакнат во триумфот на Мемфис беше Џа Морант со третиот „трипл-дабл“ ефект оваа сезона, завршувајќи го натпреварот со 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Блескава вечер имаше и кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро, кој постигна рекордни во кариерата 41 поени во триумфот на неговата екипа над Хјустон од 111-108.

Хиро реализираше 10 тројки од 15 обиди и стана само четвртиот кошаркар во историјата на Мајами кој постигнал најмалку 10 тројки на еден натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2022 00:04