Атлетската федерација на Македонија (АФМ) ја доби организацијата на Европската атлетска конвенција во 2024 година на која традиционално се избираат најдобрите атлетичари на Стариот континент.
-Со оваа одлука на нашата Федерација ѝ е укажана огромна доверба како резултат на нашето прогресивно и проактивно меѓународно дејствување, соопшти АФМ
-Нашето лобирање во Талин неодамна, кога бевме на Европската конвенција и во Атина на Балканскиот конгрес, вроди со плод. Во склоп на конвенцијата традиционално се избираат и најдобрите атлетичари на Европа што значи дека елитата во 2024 доаѓа во Македонија, изјави првиот човек на АФМ, Александра Војнеска Зикова.