Завршниот турнир во кошаркарската Евролига за сезоната 2022/23 ќе биде одржан во Каунас од 19 до 21 мај идната година, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.
Во соопштението се наведува дека четирите најдобри кошаркарски екипи во најквалитетното европско клупско натпреварување ќе се борат за трофејот во „Жалгирис арена“.
„Со задоволство му посакуваме на Каунас добредојде на листата градови кои биле домаќини на Ф4 во Евролигата. За само шест месеци отсега, најдобрите европски екипи ќе играат за трофејот пред една од најстрасните публики, бидејќи Литванија е синоним за кошарката“, изјави претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога.
Домаќин на фајналфор турнирот во 2024 година ќе биде Берлин.