Поранешниот светски рекет број 3 Давид Ферер го коментираше неговото назначување за селектор на Шпанија во Дејвис купот.

– Не би ја прифатил оваа позиција доколку играчите не го сакаа тоа. Сега е вистинското време, одамна сум во пензија и ми се допаѓа. Лесно ми беше да донесам одлука. Разговарав со роднините и со играчите. Главната работа се играчите, а Шпанија има извонредна галаксија тенисери, почнувајќи од Рафа Надал, со кого полесно се освојува Дејвис купот, иако се бара единство на тимот. Ние го имаме. Како капитен ќе дадам се од себе да се подобрам и да настапам што поуспешно, изјави ферер.

Ферер зборуваше и за можното враќање на Надал во тимот.

-Во никој случај не го исклучувам ова и кога ќе дојде време, ќе разговарам со него. Ќе го поддржам целосно, без разлика дали ќе учествува или не. Ако некој е доверлив без сомнение, тоа е Рафа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2022 13:40