Јапонија привремено ќе ја прекине својата кандидатура за домаќин на Зимските олимписки игри 2030 година во Сапоро. Ова го соопштија градоначалникот на градот Кацухиро Акимото и Јапонскиот олимписки комитет. Причината е корупцискиот скандал поврзан со Летните игри 2020 година во Токио.

Претходно, поранешниот член на Организацискиот комитет на Токио 2020, Харјуки Такахаши беше уапсен во врска со големо мито добиено од спонзорска компанија на Игрите.

Подоцна за овој случај беа приведени уште неколку лица инволвирани во Олимпијадата.

– Јасно ни е дека нема да можеме да продолжиме напред додека не ги разгледаме нашите активности во подготовките за Игрите во 2030 година и не му го покажеме тоа на светот, рече Акимото, истакнувајќи дека во моментов не се зборува за откажување на апликацијата.

Зимските олимписки игри еднаш се одржаа во Сапоро, во 1972 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2022 10:13