Кошаркарите на Пелистер попладнево претрпеа убедлив пораз 67:89 (16:22, 16:26, 16:29 и 19:12) од Борац Бања Лука во 6. коло од регионалната АБА2-лига.
Во „Балонот“ во Златибор, битолчани денес одиграа салбо три четвртини по кои беа на -29, за во последните 10 минути барем малку да го ублажат убедливиот пораз.
Карутерс со 19 и Хаџифејзовиќ со 15 поени беа најефикасни во таборот на битолчани.
Пелистер со биланс 4-2 (победи-порази) се наоѓа на 6.место на табелата, додека Борац Бања Лука со 5-1 е втор.